Градски парк ќе добие три нови летни сцени

Град Скопје Ве ги покани граѓаните на pop up изложба на отворено  што ќе се одржи денеска,  25.6.2020 (четврток), во 19 часот, на која ќе бидат изложени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк. 

„На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Град Скопје ќе додели три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација. 

Ги замолуваме авторите на трудовите да не го објавуваат својот идентитет, бидејќи сакаме да  го запазиме  принципот на анонимност кој беше наведен и во конкурсот.

Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје“, велат од Град Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа