Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ќе се вози во ново Ауди А6 вредно 67.000 евра

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе се вози во ново Ауди А6 вредно 67.000 евра, пишува 24 Вести.

Општината на крајот од ноември лани се подновила со 4 автомобили тешки 114.000 евра. Покрај луксузниот автомобил за Градоначалникот, општината набавила и една Шкода Октавија лимузина со пет седишта за речиси 19.000 евра како и два автомобили Шкода Рапид исто така лимузини со пет седишта за цена од 28.500 евра.

Тендерот го добила битолската фирма „ЈОСИФОВ ДООЕЛ увоз-извоз“. Ова е втор обид на Мерко да набави нови автомобили, бидејќи првиот оглас за набавка, распишан минатата година му пропадна бидејќи немаше ниту една доставена понуда.

Инаку,Вадата во минатата година со 50 милиони евра од Буџетот ги покри долговите на општините.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега