Градоначалникот на Штип за претепаното девојче: Ова злодело мора да биде најстрого казнето за повеќе никогаш да не се повтори

Градоначалникот на Штип, Благоја Бочварски, порача дека насилниците кои тепаа девојче мора најстрого да се казнат.

Станува збор за настан што е регистриран токму во Штип.

„Згрозен и потресен сум од снимките со крајно вознемирувачка содржина кои прикажуваат насилство врз девојче, а кои очигледно се случиле во нашиот град. Силно го осудувам овој одвратен, примитивен чин на насилство. Информиран сум дека службите веќе ги лоцирале сторителите на ова нечовечко дело и дека насилниците веќе се приведени. Ова злодело мора да биде најстрого казнето за повеќе никогаш да не се повтори“, порача Бочварски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега