Градоначалникот на Петриња после новиот земјотрес: Ме крена од земја, ова е да полудиш

Даринко Думбовиќ, градоначалникот на Петриња, после најновиот земјотрес од 5 степени според Рихтерова скала вели дека низ градот повторно се расфрлени цигли и отпад, а во веќе оштетените домови, пукнатините се зголемиле.

„Имав интервју кога ме крена од земја, Знаев дека е околу 5 степени или повеќе. Нов удар, нови потресни моментив за Петриња и Сисачко-мословачката жупанија, епицентарот беше тука во близина, ова е веќе излудувачки за нас“, рекол Думбовиќ за Јутарњи лист.

Предупредува дека градот е исклучително опасен за прошетка и ги повикува луѓето да не се качуваат по кровови и да не шетаат додека се тресе и додека не се отстранат сите згради кои се ознечени со црвени налепници.

„Сите служби се тука и ја вршат својата работа. Секоја прошетка по градот е опасна“, вели Думбовиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.01.2021 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега