Градоначалникот на Њујорк до федералната Влада: Недела е денот Д

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, побара од американската администрација денеска поголема медицинска опрема за борба против Ковид-19 истакнувајќи дека бројот на смртни случаи во тој град, епицентар на епидемијата во САД, ќе се зголеми доколку помошта не пристигне до недела.

Де Блазио, им се придружи на голем број официјални претставници незадоволни од одговорот на Вашингтон на кризата.

– Ако не добиеме федерална помош во растечката криза, ние сме во опасност да започнеме да ги губиме животите што би можеле да ги спасиме. Недела е Ден Д, потребна ни е помош до недела, истакна Де Блазио.

Болниците во Њујорк се полни со заразени од коронавирусот.

Во државата Њујорк, пријавени се скоро половина од 141.883 потврдени случаи во САД и повеќе од една третина од 2.477 смртни случаи на национално ниво.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега