Градоначалникот на Кисела Вода вдомува куче од „Лајка“ – запознајте ја Лиска (ВИДЕО)

Кучката Лиска која досега беше згрижена во стационарот за бездомни кучиња „Лајка“ ќе биде вдомена од новиот градоначаланик на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

 

Ова денеска го откри првиот човек на „Лајка“ Воислав Димитровски во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој во емисијата влезе заедно со Лиска и зборуваше за планот за работа на јавното претпретпријатие во следната година.

„Лајка“ ја следеа контроверзии уште откако се отвори, односно по реконструкцијата на старото „Вардариште“. Новото раководство вели дека овој пат, за првпат заедно со Здруженијата за заштита на животните ќе работат на правењето на планот за работа. Стерилизацијата и вдомувањето на кучињата ќе бидат главното оружје на „Лајка“ во обидот да се намали популацијата на бездомни кучиња во главниот град. Во овој момент во „Лајка“ 40-тина кучиња се подготвени за вдомување.

 

14.12.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега