Градоначалникот на Гази Баба го отфрли барањето за паралелка на алабански јазик во Идризово

Според решението кое од општина Гази Баба му е упатено на  раководството на училиштето „Петар Петровиќ Њгош“ во Идризово, барањето за отворање нова паралелка на албански јазик е одбиено бидејќи е задоцнето, а за да се реализира потребни се посебни услови, бидејќи има само 11 ученици, објави Алсат-М. Исто така, во одлуката на општина Гази Баба се потенцира дека за отварање на ваква паралелка ќе бидат потребни 10 нови вработувања. Општината бара од родителите своите деца да ги испраќаат во основното училиште на селото Огњанци  а за нив ќе има организиран превоз. Родителите не се согласуваат. Според нив, училиштето во Огњанци не е решение.

„Ние сме против тоа, бидејќи Огњанци постојано се нуди како решение. Ова училишпте е празно во втората смена, а има место и и на катот. Ние ќе ги задржиме нашите деца дома, но и ќе ја бојкотираме наставата и ќе организираме протести “, рече Ризван Сефери, родител на едно од децата.

Министерот за образование, Арбр Адеми, ја оцени одлуката на општината Гази Баба како несериозна, срамна и неодговорна. Адеми не даде одговор за тоа дали по примерот на Гостивар, ќе му ги одземе надлежностите во образованието на градоначалникот на Гази Баба, но најави дека за проблемот ќе се дебатира на првата наредна седница на Владата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2019 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа