Градоначалникот на Брисел по нередите: „Свесни ли се родителите што прават нивните деца?“

Градоначалникот на Брисел, Филип Клуз, денеска изјави дека во моментот не сака да ги забрани собирите што се очекуваат за време на Светското првенство во фудбал по вчерашните немири по победата на Мароко над Белгија.

Клуз денеска на радио изјави дека главни актери на немирите се млади луѓе и се запраша „дали родителите се свесни што прават нивните деца“ и додаде дека е задоволен од интервенцијата на полицијата која „успеала да ја ограничи штетата“, пренесува белгискиот портал „Ле Соар“.

Белгиската министерка за внатрешни работи, Анели Верлинден, која неодамна предложи нацрт-закон за борба против инцидентите на навивачите на стадионите, реагира на инцидентите на „Твитер“.

„Тажно е да се види како неколку луѓе ја искористуваат ситуацијата за да направат хаос. Голема благодарност до нашите полициски сили, кои прават сè што е во нивна моќ да го прекинат ова и ќе направат сè што можат во наредните денови за да ги идентификуваат сторителите“, рече таа.

Во нередите беа нападнати и новинари, па белгиската национална телевизија поднесе тужба и побара да се почитува работата на новинарите и нивниот физички интегритет и нагласи дека новинарите мора да работат „во целосна независност, што е клучен елемент на нашата демократија.

Белгиската полиција приведе десетина лица по вчерашните нереди во центарот на Брисел по победата на Мароко против Белгија на Светското првенство во Катар.

Немири избувнаа на неколку места во главниот град на Белгија, каде што десетици фудбалски навивачи, некои обложени со марокански знамиња, се судрија со полицијата, која употреби водни топови и солзавец, јавува „Ројтерс“.

28.11.2022 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега