Градежен работник повреден во Кавадарци- со тешки повредни пренесен во болница

Градежен работник пренесен во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди, откако се повредил на работно место.

Според пријавеното, вчера во 14.00 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека во Општа болница Кавадарци бил донесен Б.Н.(56) од Кавадарци, кој се здобил со тешки телесни повреди при изведување на градежни работи на ул.„Битолска“ во Кавадарци, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега