Град Скопје: Започна изградбата на булеварот Македонија со кој ќе се намали сообраќајниот метеж во центарот на градот

 

Град Скопје започнува со изградба на булеварот Македонија за кој се смета дека ќе го растовари сообраќајниот метеж во центарот на Скопје.

Ова особено се однесува на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин.

Градоначалничката на Скопје заедно со екипи од секторите на градот како и јавни претпријатија извршија увид во градежните работи за започнување на првата фаза на овој проект кој ќе го реши деценискиот проблем на метежот во централното градско подрачје.

Проектот започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунскиот комбинат во Кисела Вода, која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булеварот Крушевска Република и улицата 11 Октомври, втората меѓу булеварот Борис Трајковски и булеварот Македонија и третата на двата крака на булеварот Македонија кон втората фаза од булеварот, кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај „Лимак“  - известуваат од Град Скопје.

Во првата фаза, која започнува со реализација, предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина, како и пешачка зона, а истовремено се реконструираат целосно водоводната и канализациската мрежа.

 

05.02.2024 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа