Град Скопје: Во среда петта фаза од авионската дезинсекција

Градот Скопје ги известува граѓаните дека петтата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 16.09.2020 година (среда), во раните утрински часови.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови, велат од Град Скопје. 

Од таму порачуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега