Град Скопје: Уништувањето на контејнерите е казниво по закон

Во текот на вчерашниот ден, на еден од новите контејнери е залепен лист со содржина во која се повикуваат граѓаните да ги оштетуваат контејнерите, односно рачките за да се овозможи непречен пристап на мачките до отпадоците.

-Уништувањето на контејнерите е казниво по закон. Град Скопје потсетува дека новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини што почна да се спроведува во градот е во интерес на сите негови жители и целта е да се подобри животната средина. Новите контејнери коишто се опремени со капаци се набавени токму за да ја спречат можноста отпадоците да им бидат достапни на мачките и на кучињата, коишто ги расфрлаа околу нив. Исто така, капакот треба да го спречи и ширењето на непријатната миризба од отпадот и да се избегне грдата слика со преполни контејнери, велат од Град Скопје и потенцираат:

„Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и правилно да ги користат овие контејнери коишто се со највисок технолошки стандард, бидејќи тоа е во интерес на сите жители на нашето Скопје“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега