Град Скопје: Со новиот стерилизатор, Дрисла станува современа депонија

Јавното претпријатие депонија Дрисла – Скопје набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет.

– Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето, соопшти Град Скопје.

Новиот стерилизатор е со капацитет од 2.000 литри и може за еден час да третира 350 килограми отпад што ќе ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер кој го намалува до 80 отсто неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што ќе придонесе за заштеда на потрошувачката на вода и до 98 отсто, како и систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината.

-Дрисла по долго време на некомпетентност и негрижа во работењето од претходното раководство, денес ова јавно претпријатие полека, но сигурно станува санитарна депонија која применува современи технологии за управување со отпадот со целокупниот нејзин економски потенцијал ставен исклучиво во служба на граѓаните, посочи градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференцијата за враќањето на Дрисла на Град Скопје на почетокот од годинава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега