Град Скопје: Привремен прекин на прием на странки во Секторот за финансиски прашања

Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, Градот Скопје соопшти дека од утре, во наредните 14 дена нема да се врши прием на странки во Секторот за финансиски прашања – Одделението за даноци.

-Почнувајќи од 11.03.2020 година, среда, во наредните 14 дена нема да се врши прием на странки во Секторот за финансиски прашања, во барака број 15, за консултации во предвидените приемни денови, вторник и петок, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Градските власти соопштија дека шалтерите во барака број 16 редовно ќе ги извршуваат своите работни дејности за прием и издавање на документи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега