Град Скопје нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници за време на препораките

 Градот Скопје денеска преку соопштение ги известува граѓаните дека нема да презема никакви дополнителни мерки, вклучително и присилна наплата, кон сите даночни обврзници во градот што имаат неподмирени долгови, додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство за спречување на ширењето на коронавирусот.

Воедно, информираат дека согласно со одредбите на Законот за даноци на имот и Законот за комунални такси, почнале со доставување решенија за данок на имот до сите физички и правни лица на територијата на град Скопје, како и решенија за комунална такса-фирмарина до сите правни лица регистрирани на територијата на град Скопје. Истовремено, се доставуваат и опомени за неплатени решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година на сите обврзници, кои не го подмириле долгот за 2019 година. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега