Град Скопје: Намален бројот на огнови на отворено

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 13.02 до 19.02.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала само 5 пријави од граѓаните. Сите пријавени огнови на отворено во текот на изминатата недела се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.  

„Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено“ стои во соопштение од градот Скопје

Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати, велат од град Скопје.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега