Град Скопје набави нова опрема за справување со шумски пожари

 Град Скопје набави нова опрема за справување со шумски пожари со цел подигање на нивото на заштита на природата на комплексот Водно, Сарај и Матка.

Опремата, како што соопштија градските власти, се состои од два шумски трактори – четвороцикли, рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили, а ќе бидат во функција на сите единици на Противпожарната бригада на Град Скопје и ЈП Паркови.

Целта е да можат полесно да се справат со шумските пожари на територијата на планинскиот појас од Водно до Матка и воедно да се зачуваат природните вредности на подрачјата.

Планината Водно и Кањонот Матка заради своите природни вредности се прогласени за заштитени подрачја и се атрактивни туристички дестинации во Скопје.

Активностите за подигнување на нивото за заштита од шумски пожари, Град Скопје ги реализира во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската Унија, а се реализира од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа