Град Скопје ќе биде задолжен за одржување хигиена на Клинички

 

Град Скопје ќе биде задолжен за одржување хигиена на Клиничкиот центар во Скопје, објави ТВ24. Ваквата одлука е донесена по многуте реакции во јавноста.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека додека да се регулира правната рамка ќе продолжат акциите за чистење.

„Очекувам дека ќе имаме правна разрешница во краток период и наша желба е јјавните претпријатија да се грижат редовно за хигиената во Клинички центар.“ - вели Петре Шилегов – Градоначалник на Град Скопје.

Додека надлежните бараат трајно решение, група активисти го исчистија поголемиот дел од Клиничкиот центар.

„Секоја недела на разни места ќе го чистиме ѓубрето.“ - вели Сања Арсовска – актерка.

Министерството  за здравство не можеше да изнајде решение за одржувањето на хигиената на Клинички откако го поништија тендерот за  ангажирање на приватна фирма. 

 

 

 

13.07.2018 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега