Град Скопје ја зголеми финансиската помош за семејствата на загинатите во несреќата во Бугарија

На барање на градоначалничката Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата.

“На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа” изјавила градоначалничката Арсовска во нејзиното обраќање на денешната седница на Советот, стои во соопштението од Град скопје.

Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.

09.12.2021 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа