Град Скопје дава 100 евра за седење дома

Град Скопје со награда од 100 евра ќе ги мотивира граѓаните да седат дома. На Официјалната страна на Градот се појави повик под хаштаг СкопјеДома.

 

– Избираме најдобра фотографија на тема #СкопјеДома секој ден и доделуваме награди за најкреативните од вас! Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра.

Помогнете им на здравствените работници! Останете дома за да го спречите ширењето на Корона вирусот и учествувајте во конкурсот секој ден, се вели во повикот.

Избираме најдобра фотографија на тема #СкопјеДома секој ден и доделуваме награди за најкреативните од вас! Испратете ни...

Posted by Град Скопје on Wednesday, 18 March 2020

18.03.2020 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега