Град и грмежи и во Берово - УХМР информира на каде се движи невремето

Подрачјето на Струмица и околината, како и Берово попладнево се зафатени од нестабилна воздушна маса, која е пратена со интензивен пороен дожд, грмежи и можна појава на град.

Нестабилната облачна маса се движи кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци, информиаат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека нестабилно е и во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во југозападниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2019 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега