Штетата од кражбата на скапоцени камења од Лувр минатиот викенд изнесува околу 88 милиони евра, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко.„Тоа е исклучително спектакуларна сума, но не може да се изрази колкава е историската штета“, рече Беко, пренесува Фигаро.

Таа оцени дека крадците веројатно нема да заработат тие 88 милиони евра, особено ако дојдат на „исклучително глупа идеја“ да го преработат накитот.

„Можеме да се надеваме дека ќе размислат и нема да ги уништат скапоценостите без причина“, додаде Беко.

Што се однесува до истрагата, таа потврди дека се анализираат сите отпечатоци од прсти на местото на злосторството, нагласувајќи дека постои можност околу криминалците кои ја извршиле кражбата да имало цела низа помошни тимови.

Exit mobile version