Грабеж во „Македонски пошти“

Лице на возраст помеѓу 25 и 30 години вчера вчегло во Наплатен центар на „Македонски пошти“ на ул.„Нада Бутникошарева“ во Велес, кај Градскиот пазар и со закана од вработените одзело пари.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, кражбата била пријавена вчера околу 13.00 часот и оти полицијата трага по извршителот.

Екипи на СВР Велес извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега