Грабеж и пукање во спортска обложувалница во Бутел
Синоќа во 22.30 часот во полицијата било пријавено дека во спортска обложувалница на улицата Ферид Бајрам две лица физички го нападнале вработениот и одзеле пари од дневниот промет.
Според пријавеното, едно од лицата од пиштол испукало кон пултот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
27.09.2022 - 17:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа