Гостите кој добија труење со храна во Будва се добро, хотелот „Лоза“ затворен

 

Странските државјани кои имале симптоми на труење се во добра здравствена состојба, а 12 пациенти од Општата болница Цетиње кои се задржани се пуштени дома, изјави доктор Зоран Вујачиќ, пренесува Бета.

Во меѓувреме, Туристичкиот инспекторат го затвори хотелот „Лоза“ во Будва, во кој се сместени околу 100 туристи кои вчера побарале лекарска помош поради симптоми на труење со храна. Туристите се главно од Полска, Словачка и Словенија.

Ана Вујошевиќ, вршител на должноста директор на Управата за инспекциски работи, рече дека ова е осми пат во изминатите неколку месеци Туристичкиот инспекторат да го запечатува хотелот „Лоза“ во Будва, а пломбата се отстранува седум пати.

Затоа, како што рече, случајот го пријавиле во обвинителството.

Туристите кои престојуваа во овој хотел сега се сместени во други хотели,пренесе Политика.рс.

29.08.2022 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега