Гори ресторанот „Буши“ во Стара скопска чаршија

Гори ресторанот „Буши“ во стара скопска чаршија. Пожарот избувнал во кујната, најверојатно од плинска боца. Според сведоштвата на вработените кои во моментот биле во ресторанот, експлозија не се слушнала. На терен имаше 3 возила на Итната медицинска помош, моментално има само едно. Надлежните лица помош пружиле на 10-тина луѓе, главно вработени, кои од ресторанот излегоа со задушување. 

Две лица беа извадени на раце од страна на медицинските лица, според првичните информации им се слошило од чадот. 

Едно лице му е пружена кислородна поддршка. Вработените се спремале за свадба со околу 300 гости.

21.05.2022 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега