Претпладне времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и врнежи од град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе се движи меѓу 10 и 18 степени, додека максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне се очекува нестабилност со можност за дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Минималната температура ќе изнесува околу 17 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во следните денови ќе продолжи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, поизразени во вторник и среда, кога локално се очекуваат и над 15 литри дожд на квадратен метар. На одделни места процесите може да бидат поинтензивни и да се манифестираат како краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер, претежно од северен правец.

Exit mobile version