Гореше цистерна на патот Куманово-Крива Паланка

Цистерна се запалила синоќа околу 22.30 часот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на селото Руѓинце, соопшти денеска СВР Куманово.

Пожарот избувнал при движење на возилото – цистерна со косовски национални ознаки, сопственост на фирма од Приштина. Во пожарот била зафатена кабината на возачот, но нема  повредени лица.

Екипа на кумановската противпожарна единица го гасела пожарот речиси два часа со пена и вода. Кога отишле на терен возилото целосно било во пламен, информираа денеска од противпожарната единица.

Кумановската полиција врши увид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега