Гореше автомобил во Влае- возилото целосно опожарено (ВИДЕО)

Вчера вечер во 02.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг просторот од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Есперанто“, во населба „Порта Влае“, настанал пожaр на патничко возило „тојота јарис“, во сопственост на правно лице од Скопје, чиј сопственик е Г.Ѓ.(57) од Кичево, кое било целосно опожарено, објави Инфомакс и сподели и видео.

Од пожарот биле зафатени и патничките возила „мерцедес Ц200“ и „хјундаи акцент“. Од Противпожарната единица од Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот направила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега