Гордана Силјановска: И името е неразделен дел од правото на самоопределување

Дури и името е неразделен дел од правото на самоопределување, заедно со знамето, со химната, Уставот, смета кандидатката за претседател која се пријави на конкурсот на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

- Како што гледате, сегашните власти се откажаа и од него. Но, за да се покренат постапки, за да се направи околу претседателот еден тим на експерти кои ја знаат оваа материја, потребно е и Влада да има од поинаков тип. И оваа Влада треба да си замине, затоа што меѓународните односи се поделена надлежност меѓу шефот на државата и меѓу Владата, односно Министерството за надворешни работи, изјави Силјановска Давкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа