Голомразица во гевгелиско - надлежните интервенираа со фрлање сол и песок

Невообичаените ниски температури во гевгелиско и врнежите од снег на повисоките планински места во општината,кои предизвикаа голомразица на локалните патишта,ги натераа екипите на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија првпат зимава да интервенираат со фрлање сол и песок на локалниот пат Негорци-Серменин.

Снегот и голомразицата овој патен правец на неколку места го направија непреоден и по дојавата од мештаните, комуналците од Гевгелија излегоа на терен по што за кратко време патот повторно беше прооден.

-Располагаме со доволно количество сол и песок како и со соодветна механизација.Доколку на локалните патишта наврне повеќе снег,подготвени сме за брзи интервенции со цел да овозможиме непречено одвивање на сообраќајот,велат од Комуналното претпријатие во Гевгелија.

Голомразицата беше причина со расфрлање на сол и песок да се интервенира и на локалниот пат од Гевгелија кон планинското село Ума. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа