Голманот нападнат од оса - одеднаш падна на теренот

 Денис Бојко, голманот на Динамо Киев за време на натпреварот со Славија во Прага одигран вчеравечер во квалификациите за ЛШ, одеднаш падна, откако беше нападнат од оса во 8.минута.

- Бојко одеднаш падна на тревникот, држејќи ја левата рака. После тоа му беше укажана медицинска помош, по што го продолжи натпреварот, пренесуваат украинските медиуми.

Натпреварот заврши нерешено 1:1.

Реваншот ќе с еигра во Киев на 14 август. 

 

 

 

08.08.2018 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега