Големата Германија ќе игра во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против големата Германија во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Денеска фудбалерите ги добија противниците во групата.

Силната Германија е фаворит во групата „Ј“. Останатите противници на нашата репрезентација се Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Со Германија за првпат ќе играме воопшто натпревар. Со останатите имаме играно во квалификациите. Со Ерменија игравме и во квалификациите, и во Лигата на Нации.

Ждрепката се одржа во Цирих, а подоцна ќе се определи и распоредот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега