Голема трагедија во Словачка: 13 ученици загинаа во судир меѓу автобус и камион

Најмалку 13 лица денеска загинаа, а 20 се повредени во судир меѓу автобус и камион во Слоачка.

Несреќата се случила во близина на градот Нјитра, 100 километри источно од Братислава, соопштила полицијата.

Пожарникарите навеле дека бројот на жртвите и повредените може да се зголемува, како и дека камионот бил полн со камења.

Порталот „tvnoviny.sk" објави дека во автобусот имало ученици од средно училиште.

Најмалку 20 лица се повредени во несреќата, а Ројтерс повикувајќи се на полицијата наведува дека неколку лица се заробени во автобусот.

Словачкиот премиер поради несреќата која ја нарекол ужасна трагедија, порано се вратил во татковината од посетата на Кипар, каде требало да биде до утре. Тој ќе го посети местото на несреќата.

Словачката агенција Таср  навела дека автобусот се превртел и дека завршил во провалија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега