Голема трагедија во Сибир: Во поплави загинаа 12 лица- Путин нареди и армијата да се вклучи во спасувачка акција

Руската Влада соопшти дека 12 лица загинале, а девет се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југоисточен Сибир.

Вицепремиерот Виталиј Мутко на владин состанок рече дека потрагата по исчезнати лица е во тек и оти 153 лица се хоспитализирани.

Поплавите следеа по обилните дождови и погодија 55 градови и села во регионот Иркутск. Мутко информира дека четири села сé уште се отсечени, но оти имаат доволно храна и други неопходни намирници.

Според Министерството за вонредни ситуации, повеќе од 4.000 куќи биле поплавени.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги посети поплавените области, и ѝ нареди на армијата да се вклучи во спасувачките операции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега