Голема промена: Од утре нè очекуваат пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд и грмежи. Локално, особено попладне ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Од утре до средината на следната седмица подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран.

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Температурите значително ќе се намалат.

19.08.2022 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега