Од 1 ноември 2026 година, Црна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Белорусија и Турција, со посебен режим за турските службеници. Оваа одлука е донесена со усвојувањето на Информацијата за потребата од откажување на договорите кои го регулираат безвизниот режим со овие три земји.
Како што се наведува во образложението на Владата, мерката е дел од обврските за целосно усогласување на визната политика на Црна Гора со европската визна политика во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија.
На 23 јули 2026 година, Владата ја усвои Уредбата за измени на Уредбата за визниот режим, со која се утврдува дека почнувајќи од 1 ноември граѓаните на наведените земји ќе имаат потреба од виза за влез, транзит и престој.
„Имајќи предвид дека овие прашања се регулирани и со меѓународни договори склучени од Владата на Црна Гора, потребно е да се преземат мерки насочени кон поништување на важноста на договорите со овие земји“, нагласува Владата.
Во однос на Република Турција, предвидено е отпочнување постапка за склучување нов билатерален договор за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши.
„Со цел да се обезбеди, во најголема можна мера, континуитет на безвизниот режим за горенаведените категории носители на патни исправи, во согласност со acquis communautaire во областа на визната политика, што им овозможува на земјите-членки да предвидат ослободувања од барањето за виза“, појаснуваат од црногорската влада.


