Голема промена - Цените на горивата кои важат од полноќ

Поевтинија бензинот и дизелот во Македонија со последната одлука на РКЕ која беше донесена вчера, а важи од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалијаза 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега