Голема несреќа во рудник во Словенија, повредени се 12 рудари

 

Дванаесет рудари се повредени при уривање на окното во рудникот за јаглен Велење во Словенија, соопшти денеска компанијата Премоговник Велење.

Според извршниот директор на компанијата Јанез Рошер, ниту еден од повредените рудари нема потреба од болничка нега по вчерашната несреќа, пренесе агенцијата СТА.

Инспекторатот го посетил местото на настанот и извршен е увид.

Во последниот сличен настан, во септември 2019 година, беа повредени 11 рудари.

Единствениот словенечки рудник за јаглен, Велење, треба да биде затворен до 2033 година како дел од стратегијата за постепено исклучување, но со оглед на актуелната енергетска криза предизвикана од војната во Украина, тие планови може да бидат одложени.

26.07.2022 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа