Голема акција на полицијата за местени натпревари: Падна поранешен македонски фудбалски интернационалец

Драган Силјаноски, агент на хрватскиот тренер Иван Леко од белгискиот клуб Бриж, е уапсен за перење пари и корупција во скандалот со наместените фудбалски натпревари, пренесуваат белгиските медиуми, пишува спортскиот портал Гол.

Пред два дена и Иван Леко беше однесен на распит, но против него не беше издаден налог за апсење, а апсењето на неговиот агент, Драган Силјаноски, беше потврденo и од белгиското федерално обвинителство.

44-годишниот Силјаноски е поранешен македонски фудбалер, кој во текот на кариерата играл за белгискиот клуб Антверпен. Во оваа полициско-обвинителска операција, исто така, се уапсени и Моги Бајат и Дејан Вељковиќ. Менаџерот Вељковиќ по потекло е од Србија и според белгиските медиуми е поврзан со повеќе белгиски клубови од Првата лига, каде играат голем број фудбалери и тренери, чиј агент е токму Вељковиќ.

Скандалот со наместени натпревари ја тресе белгиската јавност веќе втор ден. Во средата беше обелоденото дека широка европска истрага утврдила корупција, перење пари и обид за местење натпревари во првата лигата во Белгија. Истрагата вклучува повеќе европски земји, дури и Македонија, а кој ќе биде исходот останува да се види по целосната истрага. 

 

 

 

12.10.2018 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега