Голема акција на полицијата која траела со месеци: Меѓу уапсените и Македонци

 

Полицијата од швајцарскиот кантон Цирих спроведе акција за сузбивање на криминалот и приведе 127 лица, меѓу кои има државјани на Македонија, Србија, Косово, Грузија, Франција, Колумбија, Монголија, Полска, Романија и Сирија.

Полицијата спроведе повеќе контроли, а меѓу уапсените се 24 осомничени провалници.

Акцијата траела од октомври до февруари годинава, а за време на тој период е зголемен бројот на патроли во кантонот, како и контрола на возила, се наведува во соопштението од швајцарската полиција.

Врз основа на контролите уапсени се 24 лица осомничени за провала, од кои 21 се предадени на надлежното обвинителство. Вкупно 55 лица се уапсени поради кршење на законот за странци или наркотици. Исто така, поднесени се и 180 пријави и изречени се многу казни.

 

 

 

13.03.2018 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа