Голема акција на МВР во Сити мол вечерва

 

Во моментов се одвива голема полициска акција на третиот кат во паркингот на Сити мол. Полицијата фатила две возила со дрога и оружје, мерцедес и уште едно возило за кое засега нема информации која марка е, дознава порталот Република.

Како што информираат од порталот се трага по човек познат во скопското подземје и едно лице, кое според неофицијални информации на „Република“ е роднина на висок владин функционер.

Од полицијата засега нема официјална потврда, ниту информација.

Повеќе информации се очекуваат во текот на ноќта.

 

 

 

 

20.09.2018 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа