Голема акција на МВР: Уапсени 50 странски градежни работници кои без документи работат на објект во Скопје

Полицијата приведе 50-тина странски градежни работници кои работат на новиот станбен комплекс кој се наоѓа позади „Рамстор мол“, јавува СДК.

Според Лидер, пак, станува збор за 70 ѕидари кои подолг период работат без документи.

-Полицијата спроведе контрола на градежни објекти на странска фирма, меѓу булевар Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков, поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР за СДК.

Ова не е првпат полицијата да затекне градежни работници кои немаат регулиран престој и на диво заработуваат во Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега