Само еден ден пред дочекот на Новата година, скопската полиција спроведе успешна акција за сузбивање на нелегалната продажба на пиротехника. Во текот на вчерашниот ден, на Бит Пазар се запленети над 6.000 парчиња различни пиротехнички средства.

Акцијата ја спровеле службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, кои по преземени оперативно-тактички мерки, на улицата „192“ ја лоцирале нелегалната стока.

„Пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства. Известен е јавен обвинител, а пиротехниката е одземена“, информираат од МВР.

Exit mobile version