Голем пожар во Валенсија, евакуирани 1.200 луѓе (ВИДЕО)

  

Голем пожар во природа опустоши површина од 6.500 хектари во шпанската автономна област Валенсија, а 1.200 луѓе се евакуирани, соопштија денеска локалните власти.

Во соопштението на Министерството за правда на „Твитер“ се наведува дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани 15 авиони.

Пожарот избувна во саботата на 13 август во градот Аликанте, а акцијата за гаснење е отежната поради непристапноста на теренот и силниот ветер.

Ова е најголемиот пожар во Валенсија во последната деценија.

Многу европски земји во изминатите неколку месеци беа погодени од екстремно високи температури.

Некои земји се погодени од суша, додека други се борат со огромни шумски пожари кои изгореа илјадници хектари, пренесе Блиц.рс.

15.08.2022 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа