Голем пожар во Њу Делхи, загинаа најмалку 27 луѓе

Во пожар во четирикатна зграда во Њу Делхи загинаа најмалку 27 луѓе, јави индиската служба за вонредни ситуации.

Повеќе од 40 луѓе се повредени и префрлени во болница по големиот пожар, а засега не е познато што го предизвикало пожарот.

„Потрагата е во тек, досега има 27 починати лица, а пожарот е изгаснат“, соопштија од противпожарната бригада.

13.05.2022 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега