Голем пожар во хемиска фабрика во Кина: Загинаа најмалку 38 лица (ВИДЕО)

 

Во пожар во хемиска фабрика во централната кинеска провинција Хенан, загинаа 38 лица, а двајца се повредени, соопштија претставници на округот Венфанг.

Пожарот бил пријавен вчера околу 16 часот и 30 минути, а на пожарникарите им биле потребни околу три и пол часа да го стават под контрола.

Се уште нема информации за причината за пожарот и точниот број на загинати работници во фабриката.

22.11.2022 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега