Голем пожар во Берово: Изгореа помошни простории и гаражи во комуналното претпријатие „Услуга“

Во пожар што синоќа околу 23:45 часот го зафати објектот на Јавното комунално претпријатие „Услуга“ од Берово изгореа помошни простории и дел од гаражите. Од Територијалната противпожарна единица информираат дека пожарот целосно бил ставен под контрола во 1:30 часот по полноќ.

-Нашата единица имаше дојава за пожар на гаражи и канцеларии на објект кој му припаѓа на комуналното претпријатието „Услуга“ од Берово. Пожарот зафати дел од кровната конструкција, а гаснењето беше отежнато поради струјата над објектот која не била исклучена, додека во смата близина имало и трансформатор., Пожарот е локализиран нешто по полноќ а целосно ставен под контрола во 1:30 часот, информираа од ТППЕ Берово.

-Оттаму додадоа дека во акцијата за гаснење на пожарот учествувале три специјални возила со вклучени 8 пожарникари и вработени од ЈКПР „Услуга“.

-На самото лице место на настанот имавме дежурна екипа до 4:30 часот, по што констатиравме дека целосно е изгаснат пожарот. Настаната штета има на канцелариите и гаражите во објектот. За среќа навремената интервенција придонесе да биде спасена големата механизација а со тоа и пожарот да не се прошири, додаваат беровските пожарникари.

Од полицијата го потврдија случајот и најавија повеќе информации во текот на денешниот ден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега