Голем пожар беснееше во Волково

Пожар избувнал во  поранешна соблекувална, која е во состав на спортско игралиште во близина на железничка станица Волково.

Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во поранешна соблекувална, која е во состав на спортско игралиште во близина на железничка станица Волково, објект во кој престојувал 53-годишниот М.С. од Скопје.

За среќа скопјанецот во моментот не бил во опожарениот објект.

Во пожарот објектот целосно бил опожарен, а повредени лица нема.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега