Голем интерес, метеж и расправии меѓу луѓето за влез во вакциналниот пункт во Тетово

 Огромен интерес има во Тетово за добивање на вакцина против Ковид-19, но тоа од друга страна резултира со голем метеж од луѓе за влез во спортската сала каде се врши масовната имунизација.

Луѓето се расправаат меѓу себе за чекањето ред, но од друга страна лекарите од Здравствен дом укажуваат дека граѓаните не ги почитуваат насоките дадени од војниците и полицајците и затоа се создаваат проблеми и редови. Тие кои имаат термин за втора доза не можат да дојдат до влезната врата од тие кои дошле прв пат да примат вакцина. Редовно се случува некој да колабира чекајќи.

-Луѓето што доаѓаат за прва доза не ги пуштаат да влезат, другите лица кои имаат термин за втора доза. Метежот се случува затоа што самите луѓе не почитуват тоа што надлежните служби им го укажуваат. Се знае како треба за тие со прва доза и за тие со втора доза, како што им е укажано на полицијата и војската. Подобро функционираше со „Мој термин“  не се создаваа гужви немаше расправии меѓу луѓето и се знаеше терминот е тој и така се одеше цело време. На крајот бројката вакцинирани е приближно иста како и сега. Како што разбрав од полицијата луѓе доаѓаат од пет часот утрото и чекаат, па се прави гужва. Да се размисли да се врати со закажување преку vakcinacija.mk  и да се закажуваат термин, има надлежни кои тоа ќе го одлучат, рече д-р Александар Костевски од Здравствен дом.

Според бројките од Здравствен дом во спортската сала од медицинското училиште секој ден се вакцинират околу 2000 лица.

-Заинтересираноста е многу голема последните денови, дневно со прва вакцина има околу 1100 до 1300 граѓани и 600 до 1000 за ревакцинација. Теренска ревакцина оди без проблем, сега има ревакцинација.  За да се намали гужва подготвуваме уште еден пункт и правиме напори да се растерите овој регионален пункт во спортската сала. Во Здравствениот дом пак ќе се стави пунктот во функција, треба одлука заедно со Министерство за здравство, рече директорот на Здравствен дом Борислав Јоргаќиески.

За прва и втора доза има вакцини на „Фајзер“ и „Астра Зенека“, додека „Синовак“ ја има само за втора доза.

11.08.2021 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега